Балкан (Page 39)

Балканскиот Полуостров или поедноставно Балкан, е полуостров и културна област лоцирана во Источна и Југоисточна Европа.

Полуостровот го добил името по Балканските Планини кои се протегаат од српско-бугарската граница до Црното Море.

Од географска гледна точка полуостровот на север најчесто е дефиниран со границата: Кварнерски Залив – реката Купа – реката Сава – реката Дунав, но се среќаваат и други дефиниции за северната граница кои оваа линија ја поместуваат посеверно. Од исток, запад и југ Полуостровот е обиколен со вода. Највисок врв е Мусала во Рила (Бугарија), втор – Митикас во Олимп (Грција), трети – Вихрен во Пирин (Бугарија)

Држави кои се дел од Балканскиот Полуостров се: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција,  Македонија, Црна Гора, Косово.

Србија, Хрватска и Словенија се сметаат за држави кои во поголемиот дел се на Балканскиот полуостров.

Романија, Турција и Италија се сметаат за држави кои скоро целосно се надвор од рамките на Балкан, но некои нивни делови се наоѓаат географски на површината на Балканскиот полуостров.

 

Во продолжение сите вести од регионот на Балканот.

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит. Земјотресот е регистриран на 192 километри југозападно од Ираклион. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Нема информации за евентуална штета.Прочитај повеќе

multicolored striped flaglet

Сподели со своите пријатели

Грчкиот парламент денеска ќе гласа за законот за легализација на истополовите бракови. На ова се спротивставува грчката црква, но поддршка на законот најавија владејачката Нова демократија, главните опозициски партии Сириза и ПАСОК, Курс слободно, како и Новата левица, објави „Катимерини“. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Грци ја поддржуваатПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави Ентони Блинкен денеска ќе ја посети Тирана, за прв пат во својата кариера. За време на еднодневната посета тој ќе се фокусира на иднината на Албанија и на Западен Балкан, пишува албанскиот портал Балкан веб. Блинкен попладне ќе пристигне во Тирана, каде ќе сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Српската јавност ја загрижи податокот дека се повеќе млади луѓе доаѓаат во болниците во тешка алкохолизирана состојба. Иван Лековиќ, лекар на Ургентното одделение на ВМА во Белград, откри дека неодамна биле примени 12 деца, од кои некои имале дури 2,8 промили алкохол во крвта. – Тоа е сериозна состојба, меПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека на Западен Балкан се уште владеат тензии и ги повика лидерите од регионот да работат на смирување на ситуацијата. „Мојата главна порака е сите страни да се воздржат од запалива реторика и какви било дејства кои можат дополнително да ги ескалираат тензиитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

38-годишниот Ведран Батарило исчезнал пред една недела во Слиема, Малта, каде што работел за француска компанија. Ведран е родум од Славонски Брод. Според страницата на Националниот регистар на исчезнати лица, тој исчезнал на 23 јануари. Тоа бил последен пат кога комуницирал со семејството, а потоа тие веќе не можеле даПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека верува оти до крајот на годината вооружените сили на Србија ќе можат да набават големо количество дронови камикази од домашно производство. – Верувам дека во соработка со бројни бизнисмени до крајот на годината ќе можеме да прикажеме голем број самоубиствени дронови илиПрочитај повеќе

dirt road cover by snow

Сподели со своите пријатели

Поради зимското време и снегот во Грција затворени се патиштата во планинските области околу Атина, Евија и Виотија, а фериботите не го напуштаат пристаништето поради бурните ветрови, јавуваат денеска грчките медиуми. Снег падна на ридовите Парнита и Пентели во Атина, поради што властите ги затворија патиштата кои водат кон околнитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека единствената валута на Косово е еврото и дека треба да се почитуваат одлуките на независните институции како Централната банка на Косово (ЦБК). Владата на Косово соопшти дека на редовен состанок со амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија и со шефот наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американскиот Стејт департмент ја одобри можната продажба на хеликоптери Black Hawk и поврзаната опрема и услуги на Хрватска во договор проценет на 500 милиони долари, објави Пентагон. Пентагон соопшти дека Локхид Мартин ќе биде главен изведувач, пишува RSE. Американската агенција за безбедносна и одбранбена соработка во петокот ја поднесе потребнатаПрочитај повеќе