Блинкен денеска за прв пат во Албанија

Сподели со своите пријатели

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави Ентони Блинкен денеска ќе ја посети Тирана, за прв пат во својата кариера.

Loading...

За време на еднодневната посета тој ќе се фокусира на иднината на Албанија и на Западен Балкан, пишува албанскиот портал Балкан веб.

Блинкен попладне ќе пристигне во Тирана, каде ќе се сретне со премиерот и претседател на Албанија, Еди Рама и Бајрам Бегај, а потоа ќе одржи прес-конференција, јавува Euronews Albania, додавајќи дека поради неговата посета, бројни улици во Центарот на градот е блокиран, а паркирањето е забрането.

По Тирана, Блинкен ќе отпатува за Минхен каде заедно со американскиот потпретседател Камала Харис ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција.