Грчкиот парламент денеска гласа за легализација на истополовите бракови

Сподели со своите пријатели

Грчкиот парламент денеска ќе гласа за законот за легализација на истополовите бракови.

Loading...

На ова се спротивставува грчката црква, но поддршка на законот најавија владејачката Нова демократија, главните опозициски партии Сириза и ПАСОК, Курс слободно, како и Новата левица, објави „Катимерини“.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Грци ја поддржуваат предложената реформа.

Прашањето не предизвика длабоки поделби во земјата, каде граѓаните се позагрижени за високите трошоци за живот, пренесува АП.

„Катимерини“, пак, наведува дека предлог-законот предизвикува превирања кај ПАСОК и Сириза, односно постои можност неколку пратеници од тие партии да се воздржат од гласање.

Претставниците на грчката црква тврдат дека легализацијата на истополовите бракови може да доведе до идно проширување на правата за сурогат мајчинство за геј паровите.