12 деца пристигнале пијани во белградска болница: Некои од нив со 2,8 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Српската јавност ја загрижи податокот дека се повеќе млади луѓе доаѓаат во болниците во тешка алкохолизирана состојба.

Loading...

Иван Лековиќ, лекар на Ургентното одделение на ВМА во Белград, откри дека неодамна биле примени 12 деца, од кои некои имале дури 2,8 промили алкохол во крвта.

– Тоа е сериозна состојба, ме загрижува фактот што се повеќе млади луѓе доаѓаат во ваква тешка состојба – изјави тој за српската телевизија, пренесува Блиц.

Докторот открил дека децата биле помлади од 15 години.

Покрај алкохолот имало и млади лица кои биле повредени во тепачка.

Покрај проблемите со младите, Лековиќ изјави дека има се повеќе повреди и дома и на работа.

– Имавме случај кога маж падна од висина од 12 метри, но за среќа не повреди ниту еден витален орган, имаше само расекотини на лицето – рече тој.