Бугарија ја одложува испораката на транспортери во Украина: Бара НАТО да го плати транспортот

Сподели со своите пријатели

Бугарското Министерство за одбрана мораше да побара од НАТО да обезбеди финансиски средства за испорака на 100 бугарски оклопни транспортери во Украина, пишува порталот Еурактив.

Loading...

„Бугарија ја одложува испораката на 100 оклопни транспортери на украинската армија бидејќи Министерството за одбрана побара од НАТО да ги покрие трошоците за транспортот“, изјавија за „Еурактив“ пратениците на владејачката коалиција.

„Бугарија може да помогне, но овој процес не оди со потребната брзина – се надевам дека ситуацијата ќе се подобри. Пред речиси три месеци гласавме за набавка на оклопни транспортери, но за три месеци не успеавме да пренесеме стотина оклопни транспортери од Софија до Руса“, ​​објасни пратеникот на владејачката коалиција, Ивајло Мирчев.

Истовремено, тој го обвини бугарското Министерство за одбрана за лоши услови за работа, пренесува Спутник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.