Хрват исчезна во Малта, се вклучи и Интерпол

Сподели со своите пријатели

38-годишниот Ведран Батарило исчезнал пред една недела во Слиема, Малта, каде што работел за француска компанија.

Loading...

Ведран е родум од Славонски Брод. Според страницата на Националниот регистар на исчезнати лица, тој исчезнал на 23 јануари.

Тоа бил последен пат кога комуницирал со семејството, а потоа тие веќе не можеле да дојдат до него.

Висок е околу 180 сантиметри, кафена коса и кафени очи, има поцврста градба и има тетоважа на градите.

По него трага и Интерпол

Како што пишува Јутарњи, во потрагата се вклучил и Интерпол.

Мобилниот телефон на Ведран е исклучен, а неговата мајка вели дека се јавила во хрватската амбасада во Рим, која ја покрива и Малта.

„Веќе вториот ден, кога повеќе не одговараше на моите пораки или повици затоа што му беше исклучен мобилниот телефон, контактирав со полиција, а во Амбасадата ми рекоа дека прават се и дека морам да бидам трпелива. Деновите ми поминуваат во неизвесност, страв и тага. Да го најдат мојот син жив“, вели мајката.

Медиумите во Хрватска ги повикуваа сите што имаат информации за ова лице, да ја известат тамошната полиција или информациите да ги достават преку е-пошта: [email protected].

Loading...