Балкан (Page 36)

Балканскиот Полуостров или поедноставно Балкан, е полуостров и културна област лоцирана во Источна и Југоисточна Европа.

Полуостровот го добил името по Балканските Планини кои се протегаат од српско-бугарската граница до Црното Море.

Од географска гледна точка полуостровот на север најчесто е дефиниран со границата: Кварнерски Залив – реката Купа – реката Сава – реката Дунав, но се среќаваат и други дефиниции за северната граница кои оваа линија ја поместуваат посеверно. Од исток, запад и југ Полуостровот е обиколен со вода. Највисок врв е Мусала во Рила (Бугарија), втор – Митикас во Олимп (Грција), трети – Вихрен во Пирин (Бугарија)

Држави кои се дел од Балканскиот Полуостров се: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција,  Македонија, Црна Гора, Косово.

Србија, Хрватска и Словенија се сметаат за држави кои во поголемиот дел се на Балканскиот полуостров.

Романија, Турција и Италија се сметаат за држави кои скоро целосно се надвор од рамките на Балкан, но некои нивни делови се наоѓаат географски на површината на Балканскиот полуостров.

 

Во продолжение сите вести од регионот на Балканот.

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги поздрави напорите на Словенија да го зајакне своето присуство во мировната мисија на НАТО во Косово (КФОР) и да ги зголеми одбранбените распределби. Словенија одигра важна улога во стабилизацијата на Западен Балкан во текот на 20 години членство во НАТО, изјави СтолтенбергПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Грчкиот борбен авион „Ф-16 блок 52“ денеска се урна во близина на островот Псатура во централниот дел на Егејското Море, а пилотот преживеа – објави атинската РТВ СКАИ. Новинарот на СКАИ објави дека пилотот успеал да го активира системот за исфрлање и паднал со падобран во морето. Генералштабот на воздухопловнитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Москва се обидува да „отвори нов фронт на Балканот“, но за да го постигне тоа не мора да испраќа своја војска во регионот, според Ивана Страднер и Марк Монтгомери од Фондацијата за одбрана на демократијата во анализа за Волстрит журнал. Тие предупредуваат дека „Русија треба да се потпре само наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руската Државна Дума денеска на пленарна седница го усвои нацрт-текстот на документот што ќе биде упатен до Обединетите нации по повод 25-годишнината од НАТО бомбардирањето на СР Југославија. Во текстот се наведува дека двата дома на Федералното собрание на Русија се обраќаат до ОН, меѓународните парламентарни организации и парламентите наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Косовскиот претседател Вјоса Османи денеска изјави дека само Русија е подалеку од Србија за членство во НАТО и дека Србија не може да биде членка на НАТО се додека ги нарушува главните вредности на Северноатлантската алијанса. Во врска со изјавата на американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, дека Србија еПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Младите стануваат помалку среќни од постарите генерации бидејќи страдаат од „еквивалент на криза на средни години“, покажа глобално истражување, при што експертите забележаа дека „младите навистина се борат“. Соединетите Американски Држави се „истуркани“ од листата на 20 најсреќни нации, според Светскиот извештај за среќа за 2024 година. Германија падна заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во Романија започна изградбата на најголемата база на НАТО во Европа, пренесува Euronews. Станува збор за мегапроект вреден дури 2,5 милијарди долари, а големата база ќе се простира на дури 2.800 хектари. Според Euronews, тоа всушност ќе биде проширување на постојната база на романските воздухопловни сили, Михаил Когалничеану. За трупитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во Црна Гора за 12 отсто е зголемен бројот на граѓани кои би ја напуштиле НАТО алијансата, се вели во извештајот на Алијансата за изминатата година, пишува денеска Побједа од Подгорица. За излез на Црна Гора од НАТО би гласале 44 отсто од граѓаните на Црна Гора, додека за останувањеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На 79-годишна возраст почина поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Неофит, соопшти тамошниот Свети синод. Светиот синод соопшти дека патријархот четири месеци се лекувал на Воено-медицинската академија во Софија поради белодробна болест и дека таму починал. Светиот синод ќе избере вршител на должноста патријарх додека црковниот собор не избере наследникПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Првиот земјотрес, кој е регистриран во 4 часот и 6 минути, бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на границата меѓу Босна и Херцеговина и Црна Гора, меѓу Никшиќ и Гак. Колку таа се „лулаше“ сведочи снимката од бензинската пумпа во Гацко.     Како штоПрочитај повеќе