Први снимки од земјотресот во Црна Гора (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Првиот земјотрес, кој е регистриран во 4 часот и 6 минути, бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на границата меѓу Босна и Херцеговина и Црна Гора, меѓу Никшиќ и Гак.

Loading...

Колку таа се „лулаше“ сведочи снимката од бензинската пумпа во Гацко.

 

 

Како што може да се види на објавеното видео, полицата каде што се чувале пијалоците, односно виното, толку се ниша што е чудо што ниту едно шише не паднало и не се скршило.

Земјотресот што утрово ги погоди БиХ и Црна Гора предизвика лизгање на земјиштето на границата Гацко-Никшиќ.

Според мештаните, од јачината на земјотресот пукнале ѕидовите на некои куќи.

Loading...

Земјотресот предизвика свлечишта во регионот на Голија, што го блокираше сообраќајот на оваа делница од патот.

Силен земјотрес го погоди подрачјето на Херцеговина утринава во 04:06 часот.