Македонија и Албанија најнесреќни земји во регионот

Сподели со своите пријатели

Младите стануваат помалку среќни од постарите генерации бидејќи страдаат од „еквивалент на криза на средни години“, покажа глобално истражување, при што експертите забележаа дека „младите навистина се борат“.

Loading...

Соединетите Американски Држави се „истуркани“ од листата на 20 најсреќни нации, според Светскиот извештај за среќа за 2024 година.

Германија падна за осум места, а многу африкански нации забележаа подобрување.

Светскиот извештај за среќа, годишен барометар на благосостојбата во 140 земји, координиран од Истражувачкиот центар за благосостојба на Универзитетот Оксфорд, Галуп и Мрежата за решенија за одржлив развој на ОН, откри „загрижувачки пад на среќата на младите, особено во Северна Америка и Западна Европа“, рече проф. Јан-Емануел Де Неве, директор на Центарот за истражување на благосостојбата и уредник на студијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  66 отсто од родителите се чувствуваат изолирано и осамено

Британците под 30 години се рангирани на 32-то место, зад нациите како Молдавија, Косово, па дури и Ел Салвадор, кој има една од највисоките стапки на убиства во светот.

Спротивно на тоа, Британците постари од 60 години влегоа во првите 20 најсреќни постари генерации во светот.

На почетокот на овој месец, мнозинството британски тинејџери им кажаа на анкетарите дека очекуваат нивните животи да бидат полоши од претходната генерација.

САД паднаа за осум места во вкупниот ранг за среќа на 23-то место, но кога беа прашани само оние помлади од 30 години, најбогатата нација во светот се најде на 62-то место – зад Гватемала, Саудиска Арабија и Бугарија. Ако се земат предвид само мислењата на луѓето на возраст од 60 и повеќе години, САД се 10-та најсреќна нација.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Црвените јајца се вапцаат пред изгрејсонце

„Во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, среќата е намалена во сите возрасни групи, но особено кај младите, толку многу што младите сега, во 2021-2023 година, се најмалку среќна возрасна група“, покажа извештајот. Во 2010 година младите беа посреќни од средовечните.

Извештајот не ги открива причините за промените, но тие доаѓаат во услови на зголемена загриженост за влијанието на растечката употреба на социјалните мрежи, нееднаквоста во приходите, кризата со домување и стравувањата од војна и климатски промени врз среќата на децата и младите.

Извештајот за среќа во светот ја следи субјективната благосостојба користејќи ги самопроценките на испитаниците за нивните животи и нивните позитивни и негативни емоции.

Повторно, Финска, Данска и Исланд беа првите три најсреќни земји.

Костарика и Кувајт се нови членки меѓу најдобрите 20.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три хороскопски знаци ќе пливаат во пари во мај

Германија падна од 16-то на 24-то место. Авганистан и Либан останаа двете најмалку среќни нации.

Земјите кои уживаа зголемена среќа беа многу африкански нации, Камбоџа, Русија и Кина.

Србија забележа најголем пораст на среќата. Босна и Херцеговина се рангираше на 65. место, две позиции зад Хрватска (63.). Црна Гора е на 76-то место, Македонија на 84-то, а Албанија на 87-мото место како „најнесреќна“ во регионот.

Loading...

Детската благосостојба и емоционалното здравје може да бидат најдобри предвидувачи за задоволството од животот во зрелоста, покажа извештајот.

Претходните истражувања заклучија дека адолесцентите и младите кои се изјасниле дека се позадоволни од својот живот заработуваат значително повеќе подоцна во животот, дури и земајќи ги предвид разликите во образованието, интелигенцијата, физичкото здравје и самодовербата.