Се урна грчки борбен авион

Сподели со своите пријатели

Грчкиот борбен авион „Ф-16 блок 52“ денеска се урна во близина на островот Псатура во централниот дел на Егејското Море, а пилотот преживеа – објави атинската РТВ СКАИ.

Loading...

Новинарот на СКАИ објави дека пилотот успеал да го активира системот за исфрлање и паднал со падобран во морето.

Генералштабот на воздухопловните сили потврди дека едноседниот авион од базата за борбени авиони во Лариса, во централна Грција, полетал на тренинг лет во формација со други авиони и се урнал пред пладне.

Во операцијата за пребарување и спасување на пилотот учествуваа хеликоптерот на воздухопловните сили „Супер Пума“, хеликоптерот С-70 на морнарицата и противпожарниот авион ЦЛ-415 додека не беше пронајден и издигнат од морето час и половина подоцна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар зафати грчко одморалиште. Наредена е евакуација (ВИДЕО)

Во подготвеност беа фрегатата „Егеј“ и воено-транспортниот авион „Ц-130“.