Во Црна Гора поддршката за НАТО падна за 12 отсто

Сподели со своите пријатели

Во Црна Гора за 12 отсто е зголемен бројот на граѓани кои би ја напуштиле НАТО алијансата, се вели во извештајот на Алијансата за изминатата година, пишува денеска Побједа од Подгорица.

Loading...

За излез на Црна Гора од НАТО би гласале 44 отсто од граѓаните на Црна Гора, додека за останување на земјата во тој сојуз би гласале 46 отсто.

Податоците од извештајот покажуваат дека мнозинството граѓани на земјите членки на Алијансата на референдум би гласале нивната земја да остане членка на НАТО (66 отсто), што е намалување во однос на истиот период минатата година, кога 70 отсто од граѓаните го поддржа останувањето во алијансата.

Во однос на претходниот извештај, бројот на оние кои би го напуштиле НАТО е зголемен за 12 отсто, додека бројот на поддржувачи е намален за два отсто.

46 отсто од испитаниците во земјава сметаат дека НАТО ја намалува можноста странска нација да ја нападне Црна Гора, додека 33 отсто сметаат дека тоа не е така.

Според последниот извештај, Црна Гора лани за одбрана издвоила 106 милиони евра, што е за 24 милиони повеќе од претходната година.

Извештајот покажа дека Црна Гора троши 128 долари по глава на жител за одбрана.