Балкан (Page 77)

Балканскиот Полуостров или поедноставно Балкан, е полуостров и културна област лоцирана во Источна и Југоисточна Европа.

Полуостровот го добил името по Балканските Планини кои се протегаат од српско-бугарската граница до Црното Море.

Од географска гледна точка полуостровот на север најчесто е дефиниран со границата: Кварнерски Залив – реката Купа – реката Сава – реката Дунав, но се среќаваат и други дефиниции за северната граница кои оваа линија ја поместуваат посеверно. Од исток, запад и југ Полуостровот е обиколен со вода. Највисок врв е Мусала во Рила (Бугарија), втор – Митикас во Олимп (Грција), трети – Вихрен во Пирин (Бугарија)

Држави кои се дел од Балканскиот Полуостров се: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција,  Македонија, Црна Гора, Косово.

Србија, Хрватска и Словенија се сметаат за држави кои во поголемиот дел се на Балканскиот полуостров.

Романија, Турција и Италија се сметаат за држави кои скоро целосно се надвор од рамките на Балкан, но некои нивни делови се наоѓаат географски на површината на Балканскиот полуостров.

 

Во продолжение сите вести од регионот на Балканот.

Сподели со своите пријатели

Европската комисија во средата предложи Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус под услов да преземе низа реформи и да усвои неколку закони во областа на судството, борбата против корупцијата и слободата на изразување, рече комесарот за проширување Оливер Вархеји. „Европската комисија препорачува Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Европската унија очекува Србија да се придржува кон заедничката надворешна политика на ЕУ како прашање на приоритет, вклучително и санкции против Русија Тие, исто така, очекуваат тој да ги унапреди преговорите за сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализација „без натамошно одлагање“ во дијалогот со Косово. Ова се клучните поракиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан се договорија за изградба на нафтовод до Унгарија што ќе ` овозможи на Србија да се снабдува со поевтина сурова нафта од Урал со поврзување со нафтоводот Дружба, изјави Золтан Ковач, портпарол на српската влада денеска во Будимпешта. Ковач на својотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Забраната за увоз на руска нафта, како дел од европските санкции против Русија, иницирани од Хрватска „очигледно е отворен чин на непријателство кон Србија и дека тие се подготвени да искористат сè против Србија, вклучително и енергетската криза“, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ. „Ќе има уште многу тешки разговори. ВучиќПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

НАТО активираше нова мултинационална борбена група од повеќе од 1.000 војници во Бугарија овој месец, потег поврзан со зајакнувањето на источното крило на алијансата по руската инвазија на Украина. Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, таа е една од четирите нови борбени групи за зајакнување на источното крило на НАТО поПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Земјите-членки на Европската унија вчера гласаа за осмиот пакет санкции против Русија, кој исто така има за цел ограничување на цената на нафтата што Русија ја извезува во трети земји надвор од ЕУ. На инсистирање на Хрватска, тука е вклучена и Србија, па таа нема да може да увезува рускаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Најмалку 15 лица загинаа кога брод со мигранти потона во близина на брегот на островот Лезбос, соопшти грчката крајбрежна стража. Според информациите, петмина преживеале, а спасувачката операција е во тек. Гумениот чамец во кој се превезувале околу 40 мигранти потонал поради силниот ветер. Неколку часа претходно властите известија дека едрилицаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Поради енергетската криза и предупредувањата за сурова зима, Грција размислува да го намали работното време на продавниците за да заштеди струја. Првично, ова решение се разгледуваше само во Солун, но Атина може да го следи примерот. Солунската стопанска комора беше првата што предложи намалување на работното време во попладневните иПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на „Тесла“ Илон Маск на Твитер го објави своето мислење за решението на проблемот на Косово. Според предлогот на Маск, решението би било идентично со она што тој го предложи за ситуацијата во Украина. На Косово би се одржал референдум под покровителство на ОН на кој жителите биПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Бројот на жителите на Бугарија изнесувал 6.519.789 лица на 7 септември 2021 година, а од последниот попис во 2011 година е намален за 844.781 лице, односно за 11,5 отсто, покажуваат конечните податоци од 18-от попис на населението објавен денеска од страна на Националниот институт за статистика (НСИ). Од вкупното население,Прочитај повеќе