Колку изнесува просечната плата во Србија?

Сподели со своите пријатели

Просечната нето плата по вработен во август во Србија изнесувала 75.282 динари или 39.586 македонски денари.

Loading...

Тоа е номинално повисоко за 16,5 отсто, а реално за 2,9 отсто во однос на истиот месец од 2021 година, објави Републичкиот завод за статистика на Србија.

Просечната бруто-плата по вработен во август изнесува 103.963 динари (54.667 денари) и е исто така повисока за 16,5 отсто номинално и за 2,9 отсто реално на годишно ниво.

Августовската медијална нето-плата изнесува 57.911 динари(30.451 денари), што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до наведената сума.

Бруто и нето-добивката во периодот јануари-август 2022 година, во однос на истиот период лани, номинално бележи пораст од 13,8 отсто, односно реално за 3,0 отсто.