Билчик: Очекуваме јасни црвени линии од Србија кон Русија

Сподели со своите пријатели

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, денеска изјави дека ЕУ очекува од сите сериозни земји за пристапување, вклучително и Србија, јасни црвени линии кон Русија и нејзините политички претставници.

Loading...

„Војната не е време за нејаснотии. Ние сакаме Србија да ја избере Европа и да изгради доверба со своите партнери во ЕУ. Институциите на ЕУ очекуваат од сите сериозни земји за пристапување, вклучително и Србија, јасни црвени линии кон Русија и нејзините политички претставници, додека Москва продолжува со своите брутални напади на Украина, напиша Билчик на Твитер.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.