Преку нафтоводот до Унгарија, Србија ќе добие поевтина нафта

Сподели со своите пријатели

Српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан се договорија за изградба на нафтовод до Унгарија што ќе ` овозможи на Србија да се снабдува со поевтина сурова нафта од Урал со поврзување со нафтоводот Дружба, изјави Золтан Ковач, портпарол на српската влада денеска во Будимпешта.

Loading...

Ковач на својот Твитер профил напиша дека Србија сега се снабдува со нафта најмногу преку нафтоводот низ Хрватска, но дека тоа „веројатно нема да биде можно во иднина поради воведените санкции“.

Претседателот Вучиќ во саботата за време на своето обраќање до јавноста изјави дека Србија, во согласност со договорот склучен со Орбан, ќе изгради нафтовод до унгарскиот град Алџо во должина до 128 километри, за да ѝ даде на Србија друга насока на снабдување и можност да избере што е поповолно за неа.

„Нафтоводот може да чини и до 100 милиони евра, особено ако ја користиме трасата на гасоводот до Унгарија“, рече Вучиќ.

„Во однос на нафтата, особено по она што се случи во Прага, Србија нема друг нафтовод освен ЈАНАФ. Немаме нафтовод до Унгарија, што би ни значело многу, ниту на југ, до Црна Гора и Грција, бидејќи немало никакви проблеми“, рече Вучиќ.

Тој најави дека изградбата на нафтовод низ Северна Македонија до албанското пристаниште Драч ќе се разгледува со партнери од Отворениот Балкан, пренесува Танјуг.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.