Брнабиќ: Хрватска направи непријателски чин, Вучиќ ќе објави важни одлуки

Сподели со своите пријатели

Забраната за увоз на руска нафта, како дел од европските санкции против Русија, иницирани од Хрватска „очигледно е отворен чин на непријателство кон Србија и дека тие се подготвени да искористат сè против Србија, вклучително и енергетската криза“, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.

Loading...

„Ќе има уште многу тешки разговори. Вучиќ утре на прес-конференција ќе соопшти некои стратешки одлуки“, изјави Брнабиќ.

„Ќе мораме малку поинаку да се позиционираме“, изјави Брнабиќ за провладината ТВ Прва, без да прецизира што ќе значи промената на ставот на официјален Белград и кон кого.

„Единствениот нафтовод на кој сме поврзани, за жал, минува низ Хрватска. Таа покажа дека е несигурен партнер, несигурен снабдувач и дека ја користи енергијата за политички цели“, рече Брнабиќ, нагласувајќи дека „Србија го плати секој динар за користење на тој гасовод“.

„Можеме целосно без руска нафта“

Брнабиќ оцени дека најавата од Европската унија дека Србија не е изземена од осмиот пакет санкции против Русија и дека не е изземена од одлуката за забрана за увоз на руска нафта „практично значи санкции против Србија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Може ли ЕУ воопшто да си дозволи членство на Украина?

На прашањето дали Србија може без увоз на нафта од Русија, Брнабиќ одговори:

„Можеме целосно без руска нафта“, посочувајќи дека снабдувањето од други извори ќе биде значително поскапо.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во четвртокот во Прага изјави дека Србија може да ја увезува целата нафта освен руската нафта преку Хрватска и дека не може, ако сака европска перспектива, да седи на две столчиња.

Loading...

„Веќе неколку пати реков дека Србија во овие околности не може да седне на две столчиња, не може да биде земјата што ќе дојде овде, ќе разговара за европската перспектива и ќе очекува големи чекори, а да не почитува ниту една санкција против Русија“, рече Пленковиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон, Фон дер Лејен и Џинпинг на 6 мај во Париз

Вучиќ: Како да се преживее во Европа во ситуација кога ќе газиме еден на друг

Српскиот претседател Александар Вучиќ праша, реагирајќи на изјавата на Пленковиќ, „како да се преживее во Европа во ситуација кога ќе газиме еден на друг“.

Во средата членките на Европската унија постигнаа договор за осмиот пакет санкции против Русија, кој се однесува и на ограничување на цените на нафтата што Русија ја извезува во трети земји.

Пакетот санкции, меѓу другото, вклучува и правна основа за воведување гранична цена за руската нафта, но таа треба да важи само за поморскиот транспорт на сурова нафта и одредени деривати до трети земји и сродните услуги.

Медиумите на Вучиќ дивеат

Нафтената индустрија на Србија увезува руска нафта преку Омишаљ на Крк и Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ).

Кога ЕУ го усвои ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ по морски пат во јуни, кое ќе стапи на сила во декември, тоа значеше дека Србија повеќе нема да може да транспортира руска нафта од Омишаљ до рафинеријата во Панчево преку JANAF по декември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не е исклучено и ЕУ да го забрани ТикТок

Во предлогот за осмиот пакет санкции, Европската комисија направи исклучок за Србија и предложи ЕУ да и дозволи да продолжи да транспортира руска нафта од Омишаљ и Јанаф до Панчево бидејќи тоа е прашање на енергетска безбедност на Западен Балкан.

Во петокот на насловните страници на одредени белградски медиуми доминира темата за нафтата, а провладините таблоиди инсистираат на оценката дека има „валкана војна на ЕУ против Србија“ и дека Унијата е „за жал немоќна да ја спречи хрватската саботажа“.

Loading...

Во исто време, либерално-граѓански ориентираниот весник Данас на својата насловна истакна дека „Санкции кон Белград воведува ЕУ, а не Хрватска“.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.