Две лица загинаа откако висечки мост падна во Србија

Сподели со своите пријатели

Две жени загинаа во несреќа кога се урна мостот на Западна Морава кај бањата Овчар во Србија.

Loading...

Според неофицијални информации, една од нив настрадала бидејќи се заплеткала во речната трева.

Во несреќата што се случи при уривање на мостот додека патниците од автобусот пеш го минувале, повредени се 11 лица и сите се пренесени во болница.

Според неофицијални податоци, патниците се од Босна и Херцеговина, односно од Зворник, пишува Н1.