Русија (Page 2)

Русија официјално Руска Федерација, е полупретседателска федерална република лоцирана во Источна Европа и Северна Азија.

Со површина од 17.125.187 km², Русија е најголемата земја во светот со речиси двојно поголема територија од Канада. Се граничи со 18 држави.

Таа е на деветтото место во светот според населението со околу 146 милиони. Официјален јазик е рускиот, а главен град и најголем град е Москва.

Според Уставот на Русија, земјата е федерација и полупретседателска република, каде претседателот е шеф на државата а премиерот е на чело на владата.

Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“.

  1. Адигеја
  2. Алтај
  3. Башкортостан
  4. Бурјатија
  5. Дагестан
  6. Ингушетија
  7. Кабардино-Балкарија
8. Калмикија
9. Карачаево-Черкесија
10. Карелија
11. Коми
12. Мариј Ел
13. Мордовија
14. Јакутија
15. Северна Осетија-Аланија
16. Татарстан
17. Тува
18. Удмуртија
19. Хакасија
20. Чеченија
21. Чувашија
22. Крим

Во продолжение сите вести поврзани со Русија.

Сподели со своите пријатели

Полски државјанин е уапсен под обвинение дека му помагал на руското разузнавање во планирањето на убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, според полското и украинското обвинителство. Loading… Според соопштението на полското национално обвинителство, мажот по име Павел К е обвинет дека сакал да им пренесе информации за безбедносните процедури наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Бомбардер Ту-22М3 се урна во руската област Ставропол, соопшти руското Министерство за одбрана. Loading… На социјалните мрежи се појави и наводна снимка од падот. „Во реонот на Ставропол, по завршувањето на борбената мисија и враќањето на домашниот аеродром, се урна авион Ту-22М3 на руските воздухопловни сили. Пилотите се катапултираа“, сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој во февруари годинава почина во затворот „Поларниот волк“ на крајниот север на Русија, денеска изјави дека по нападот на соработникот на нејзиниот покоен сопруг, решила да ангажира телохранител. Loading… Таа во интервју за денешното издание на магазинот „Тајм“ нагласи декаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Бројот на Русите убиени во војната во Украина е повеќе од 50.000, покажува анализата на британскиот Би-Би-Си. Loading… Истражувањето покажува и дека четвртина повеќе војници загинале во втората година од руската инвазија отколку во првите 12 месеци. Повеќе од 27.300 руски војници загинаа во втората година од конфликтот, што еПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Припадниците на платеничката вооружена формација „Вагнер“ ќе се вратат од мисијата во Африка на фронтот во Украина по наредба на Кремљ, објави Американскиот институт за проучување на војната, повикувајќи се на руски извори. Loading… Како што е наведено, дел од членовите на Вагнер ќе бидат префрлени во Белгородската област наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска ладнокрвно реагираше на повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за примирје во меѓународните конфликти за време на Олимписките игри во Париз, велејќи дека Украина може да го искористи тоа како можност за прегрупирање и повторно вооружување, пренесува Ројтерс. Loading… Олимписко примирје Прекинот на непријателствата според олимпиското примирје еПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Огромна количина на вода се движи кон рускиот град Курган, предупредија властите. Loading… Вадим Шумков, гувернерот на овој регион, рече дека нивото на реката Тобол и нејзините притоки е двојно повеќе од нивото забележано при последните големи поплави во 1994 година. Курган е најголемиот град и административен центар на КурганскатаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Службата за безбедност на Украина (СБУ) погоди руска радарска станица со долг дострел во областа Брјанск, која ја следеше ситуацијата на небото до 700 километри во територијата на Украина, објавија украинските медиуми, цитирајќи извор во СБУ. Loading… „Русите сега имаат уште еден модернизиран комплекс Небо-У, кој му помогна на непријателотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија ќе продолжи да ги зајакнува врските во сите области со земјите од глобалниот југ и исток, кои ја споделуваат нивната посветеност на принципите на Повелбата на Обединетите нации и се залагаат за почитување на правото на народите сами да ја одредуваат својата судбина, изјави рускиот Министерот за надворешни работиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека без помошта на САД, Украина нема да има шанса да ја добие војната со Русија. Loading… „Без оваа помош нема да имаме шанса да победиме. Треба да бидеш посилен од непријателот за да го победиш“, рече Зеленски во интервју за американската телевизијаПрочитај повеќе