Најлоши поплави во последните децении во Русија и Казахстан

Сподели со своите пријатели

Огромна количина на вода се движи кон рускиот град Курган, предупредија властите.

Loading...

Вадим Шумков, гувернерот на овој регион, рече дека нивото на реката Тобол и нејзините притоки е двојно повеќе од нивото забележано при последните големи поплави во 1994 година.

Курган е најголемиот град и административен центар на Курганската област на југот на Уралскиот федерален округ на Русија.

Десетици илјади луѓе се евакуирани во последните две недели поради поплавите на северот на Казахстан и пограничните области со Русија.

Шумков ги повика сите што живеат во подрачјата подложни на поплави веднаш да ги напуштат своите домови, бидејќи се очекува нивото на водата да биде 11 метри над нормалното ниво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русин осуден во Калифорнија на 12 години затвор за финансирање терористи

„Ова не е само поплава, ова е реална закана. Однесете ги децата, постарите, роднините кои имаат проблеми да се преселат во привремени засолништа или кај роднини и познаници“, напиша тој на Телеграм.

Курган, град со повеќе од 300.000 жители, е дом на воената фабрика Курганмашзавод, која произведува борбени возила.

Странските медиуми шпекулираат дека и фабриката би можела да биде поплавена.

Loading...

Претходно, поплавите во рускиот град Оренбург достигнаа критично ниво – само покривите на некои куќи останаа над водата, додека масовната евакуација на луѓето продолжува.

Тешка е ситуацијата и во Казахстан, каде од своите домови се евакуирани околу 100.000 луѓе.

Официјални лица во таа земја ги опишуваат поплавите како најлоши во регионот во последните 80 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Четворица полицајци убиени додека носеле налог за апсење

Поради обилните дождови и високите температури, кои доведоа до брзо топење на снегот и мразот од планините, неколку реки се излеаја од коритата минатата недела.

Меѓу нив е и Урал, трет по големина во Европа, кој во петокот во Оренбург, град со 500.000 жители, на околу 1.500 километри од Москва.

Во петокот, на 12 април, Урал достигна ниво од 11,43 метри во Оренбург, што е повеќе од критично.

Поради ова, според локалните власти, поплавени се 11.700 домови.

Повеќе од 10.000 луѓе беа евакуирани.

Loading...

Нивото на водата опадна во Орск, недалеку од Оренбург, каде што ситуацијата исто така беше страшна минатиот викенд по пукањето на браната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мадуро: Војната на Украина против Русија е планирана најмалку 20 години

Во тој град рафинеријата за нафта престана да работи поради поплавите.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно побара од владата да формира комисија за решавање на вонредната состојба, соопшти неговиот кабинет.

Во Орск, жителите протестираа и во понеделникот поради реакцијата на властите.

На снимките на социјалните мрежи може да се видат околу 100 луѓе кои скандираат: „Срамота и „Путин, помош“.