Се урна бомбардер во Русија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бомбардер Ту-22М3 се урна во руската област Ставропол, соопшти руското Министерство за одбрана.

Loading...

На социјалните мрежи се појави и наводна снимка од падот.

„Во реонот на Ставропол, по завршувањето на борбената мисија и враќањето на домашниот аеродром, се урна авион Ту-22М3 на руските воздухопловни сили. Пилотите се катапултираа“, се вели во соопштението.

Тимот за пребарување евакуираше тројца членови на екипажот, а се уште трага по четвртиот.

„Според првичните податоци, причина за несреќата е технички дефект. Авионот се урнал во ненаселена област“, ​​соопшти руското министерство.