Зеленски: Без помош од САД, Украина нема да има шанси да победи во војната со Русија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека без помошта на САД, Украина нема да има шанса да ја добие војната со Русија.

Loading...

„Без оваа помош нема да имаме шанса да победиме. Треба да бидеш посилен од непријателот за да го победиш“, рече Зеленски во интервју за американската телевизија PBS.

Според него, денес Украина има една од 10 руски артилериски гранати.

„Во секој случај со ваква статистика секој ден ќе уназадуваме. Ако сакаме да го одбраниме она што е под наша контрола, тогаш треба да имаме пропорционални бројки – 10 спрема 10“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто украинската армија го повлекува „Абрамс“ од линијата на фронтот?

Тој даде пример како Русите ја уништиле термоелектраната Трипилска, која е извор на електрична енергија во регионот на Киев.

„Летаа 11 ракети. Ги уништивме првите седум, другите четири ја уништија станицата. Зошто, затоа што (ние) немавме повеќе проектили. Останавме без проектили што го штитеа Трипилск“, рече претседателот на Украина.

Зеленски додаде дека кога сојузниците велат дека не можат да ѝ дадат на Украина ова или она оружје или не можат да бидат присутни во Украина со оваа или онаа сила, бидејќи ќе изгледа како Украина да го вовлекла НАТО во војна, тогаш тој сака да постави прашање за Израел.

„Израел не е членка на Алијансата. Но, земјите-членки на НАТО го бранеа Израел, покажаа дека Израел не е оставен сам. Ова е лекција и одговор за сите оние кои на различни континенти велат дека на Украина треба многу внимателно да ѝ се помогне за да не ги вовлече земјите од НАТО во војна“, рече Зеленски.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одеса: Пет лица загинаа, 23 се ранети

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.