Украина тврди дека уништила руска радарска станица со долг дострел

Сподели со своите пријатели

Службата за безбедност на Украина (СБУ) погоди руска радарска станица со долг дострел во областа Брјанск, која ја следеше ситуацијата на небото до 700 километри во територијата на Украина, објавија украинските медиуми, цитирајќи извор во СБУ.

Loading...

„Русите сега имаат уште еден модернизиран комплекс Небо-У, кој му помогна на непријателот да открие украинско оружје и ги поддржа бомбардерите кои ја напаѓаат пограничната област на Украина со наведувани проектили“, рече изворот, цитиран од Униан.

Тој додаде дека радарот е вреден 100 милиони долари и дека го погодиле седум дронови.

Агенцијата наведува дека тоа е втор комплекс Небо-У уништен од СБУ и дека е првиот уништен во Белгородската област во Русија, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мадуро: Војната на Украина против Русија е планирана најмалку 20 години

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.