Балкан (Page 65)

Балканскиот Полуостров или поедноставно Балкан, е полуостров и културна област лоцирана во Источна и Југоисточна Европа.

Полуостровот го добил името по Балканските Планини кои се протегаат од српско-бугарската граница до Црното Море.

Од географска гледна точка полуостровот на север најчесто е дефиниран со границата: Кварнерски Залив – реката Купа – реката Сава – реката Дунав, но се среќаваат и други дефиниции за северната граница кои оваа линија ја поместуваат посеверно. Од исток, запад и југ Полуостровот е обиколен со вода. Највисок врв е Мусала во Рила (Бугарија), втор – Митикас во Олимп (Грција), трети – Вихрен во Пирин (Бугарија)

Држави кои се дел од Балканскиот Полуостров се: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција,  Македонија, Црна Гора, Косово.

Србија, Хрватска и Словенија се сметаат за држави кои во поголемиот дел се на Балканскиот полуостров.

Романија, Турција и Италија се сметаат за држави кои скоро целосно се надвор од рамките на Балкан, но некои нивни делови се наоѓаат географски на површината на Балканскиот полуостров.

 

Во продолжение сите вести од регионот на Балканот.

Сподели со своите пријатели

Кремљ разбира дека раководството на Србија е под невиден притисок од Западот и ја цени позицијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, надевајќи се на понатамошен нагорен развој на односите меѓу двете земји, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ние целосно го разбираме невидениот притисок на колективниот ЗападПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија и Унгарија го делат верувањето дека решението на конфликтот во Украина нема да дојде со повеќе оружје, туку со повеќе дијалог и дипломатски напори за ставање крај на непријателствата. Радев ова го изјавил на средба со унгарската колешка Каталин Новак, која е воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го распушти парламентот на земјата и распиша предвремени избори за 2 април. Радев назначи и преодна влада пред вонредните парламентарни избори, петти во Бугарија во последните две години, објави АП. Тој повторно го назначи Галаб Донев, 55-годишен независен политичар, да остане на чело на привременатаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во Словенија на 31 јануари стапија на сила измените на Законот за семејство, според кои бракот е животна заедница на две лица, а на истополовите парови им се овозможува да посвојат дете. Според овие промени, бракот веќе не е животна заедница само на маж и жена, туку животна заедница наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Патник на летот од Келн до Ниш починал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ по принудно слетување откако му се слошило за време на летот, потврдија во средата лекарите од итната помош за белградските медиуми. Пилотот пријавил итен случај и бил пуштен за итно слетување во вторникот вечерта во 22:24 часот.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Србија Александар Вучиќ допатува во Костинброд кај Софија каде почнува изградбата на гасен интерконектор меѓу Србија и Бугарија на бугарска територија. Вучиќ на градилиштето го пречека претседателот на Бугарија, Румен Радев и започнаа билатерална средба со делегациите. Присутен е и шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, ЕмануелПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Веќе извесно време се шпекулира дека руската паравоена формација Вагнер наоѓа регрути, меѓу другото, и во Србија. На крајот на краиштата, набргу по руската инвазија, низ Белград почнаа да се појавуваат мурали на црвени черепи на црна позадина – амблем на Вагнер. Покрај тоа, многу видеа споделени на социјалните мрежиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Комитетот за надворешни работи на британскиот парламент разговараше за ситуацијата на Западен Балкан и политиката на Лондон кон тој регион, а претседателката на тој комитет Алиша Кернс изјави дека британската влада нема да го поддржи формирањето на „српска енклава“ на Косово. За време на седницата, како што може да сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Босна и Херцогива има најлоши резултати во регионот според индексот на перцепција на корупцијата, а во исто време е на дното на рангирањето според резултатите во борбата против оваа појава меѓу сите земји на целиот европски континент, босанскиот огранок предупреди во вторникот на Транспаренси Интернешнл (ТИ). Годишниот индекс на перцепцијаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Според индексот на перцепција на корупцијата во 2022 година, Хрватска ја подобри својата позиција за шест места и сега е 57-ма од 180 земји, објави во вторникот Транспаренси интернешнал. Босна и Херцеговина има 34 бодови, со што е трета најлоша земја на континентот (110. место во светот), полоши се самоПрочитај повеќе