Песков: Кремљ разбира дека Србија е под невиден притисок од Западот

Сподели со своите пријатели

Кремљ разбира дека раководството на Србија е под невиден притисок од Западот и ја цени позицијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, надевајќи се на понатамошен нагорен развој на односите меѓу двете земји, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Ние целосно го разбираме невидениот притисок на колективниот Запад врз српското раководство и трошоците и напорите што му се потребни на српското раководство да го издржи овој притисок до денес“, рече Песков, пренесе ТАС С.

Тој посочи дека Русија високо го цени ваквиот однос на српското раководство и се надева дека билатералните односи ќе продолжат да се развиваат по нагорна траекторија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.