Радев: За Бугарија и Унгарија крајот на војната во Украина е можен со дијалог, а не со повеќе оружје

Сподели со своите пријатели

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија и Унгарија го делат верувањето дека решението на конфликтот во Украина нема да дојде со повеќе оружје, туку со повеќе дијалог и дипломатски напори за ставање крај на непријателствата.

Loading...

Радев ова го изјавил на средба со унгарската колешка Каталин Новак, која е во официјална посета на Бугарија, пренесува бугарското радио БНР.

Новак и Радев разговараа за последиците од војната во Украина и повикаа на траен мир.

Ескалацијата на конфликтот ја загрозува безбедноста на цела Европа, бидејќи ова се претвора во војна која ги исцрпува не само завојуваните земји, туку и европските економии и општествени системи“, рече Радев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.