Почнува изградбата на гасниот интерконектор меѓу Србија и Бугарија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Србија Александар Вучиќ допатува во Костинброд кај Софија каде почнува изградбата на гасен интерконектор меѓу Србија и Бугарија на бугарска територија.

Loading...

Вучиќ на градилиштето го пречека претседателот на Бугарија, Румен Радев и започнаа билатерална средба со делегациите.

Присутен е и шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Џофре.

Вучиќ и Радев потоа ќе го посетат градилиштето и ќе бидат сведоци на спојувањето на гасоводните цевки.

Предвидено е видео обраќање на еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон, а на почетокот на работите ќе зборува и српскиот претседател Вучиќ.

Меѓусистемската гасоводна врска „Бугарија-Србија“ (ИБС) во Србија ќе биде долга 109 километри, а вкупната должина на двонасочниот гасовод низ двете земји е 170 километри, од Нови Искар кај Софија до Ниш.

Гасоводот има капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас годишно и е проект од заеднички интерес за ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот

На средбата по повод почетокот на работите за изградба на гасоводот присуствуваат министрите за енергетика на двете земји, Росен Христов и Дубравка Ѓедовиќ, како и извршниот директор на „Булгартрансгаз“ Владимир Малинов и Душан Бајатовиќ од Србијагас.

Loading...

Вкупната вредност на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград – Бугарија, според проценката на Европската инвестициска банка, е 85,5 милиони евра, од кои ЕИБ дава 25 милиони евра во форма на заем, 49,6 милиони се неповратно ЕУ кофинансирање од ИПА фондовите, додека остатокот ќе бидат трошоци кои ќе се покриваат од буџетот на Србија и сопствени средства на ЈП Србијагас. Главен изведувач е „Главболгарстрој“.

Гасната интерконекција меѓу Србија и Бугарија, како што е најавено, ќе биде подготвена за оперативна работа кон средината на оваа година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот

Работите опфаќаат изградба на двонасочниот главен гасен интерконектор МГ10 Ниш – Димитровград на територијата на Србија, меѓу системите за природен гас на Србија и Бугарија, како и изградба на четири мерно регулациони станици и придружни објекти.

Договорот за изградба на гасоводот Ниш – Димитровград беше потпишан во 2010 година, а работите на изградбата на гасниот конектор во Србија започнаа во февруари 2022 година.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на отворањето на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција во Софија во октомври минатата година, а потоа изјави дека Србија започнала со изградба на гасен интерконектор со Бугарија на нејзина територија и дека двете земји ќе го заврши проектот за една година.

Благодарение на гасниот интерконектор со Грција, Бугарија ќе добива природен гас од Азербејџан и ЛНГ (течен) гас преку пристаништето на северот на Грција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот

Терминалот за ЛНГ во Александрополис на северот на Грција, како што беше најавено тогаш, треба да биде готов до крајот на оваа година.

Гасниот интерконектор ќе биде во целосна синергија со терминалот ЛНГ во Александрополис и ќе биде врска до Јужниот гасен коридор и ќе обезбеди алтернативно снабдување со гас од Каспискиот регион.

Loading...

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев тогаш рече дека во 2022 година земјата ќе го зголеми извозот на повеќе од 22 милијарди кубни метри и дека 11,5 милијарди ќе одат за европските потрошувачи.

„Во јули потпишавме меморандум за разбирање со ЕК и тоа е многу важен документ врз основа на кој планираме да го удвоиме снабдувањето со природен гас во Европа до 2027 година“, рече Алиев.

По церемонијата, Вучиќ и Радев ќе имаат тет-а-тет средба во Софија.