Балкан (Page 59)

Балканскиот Полуостров или поедноставно Балкан, е полуостров и културна област лоцирана во Источна и Југоисточна Европа.

Полуостровот го добил името по Балканските Планини кои се протегаат од српско-бугарската граница до Црното Море.

Од географска гледна точка полуостровот на север најчесто е дефиниран со границата: Кварнерски Залив – реката Купа – реката Сава – реката Дунав, но се среќаваат и други дефиниции за северната граница кои оваа линија ја поместуваат посеверно. Од исток, запад и југ Полуостровот е обиколен со вода. Највисок врв е Мусала во Рила (Бугарија), втор – Митикас во Олимп (Грција), трети – Вихрен во Пирин (Бугарија)

Држави кои се дел од Балканскиот Полуостров се: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција,  Македонија, Црна Гора, Косово.

Србија, Хрватска и Словенија се сметаат за држави кои во поголемиот дел се на Балканскиот полуостров.

Романија, Турција и Италија се сметаат за држави кои скоро целосно се надвор од рамките на Балкан, но некои нивни делови се наоѓаат географски на површината на Балканскиот полуостров.

 

Во продолжение сите вести од регионот на Балканот.

Сподели со своите пријатели

Бугарија воведува привремена забрана за увоз на прехранбени производи од Украина, со исклучок на транзитна стока, најави премиерот во техничкиот мандат Галаб Донев на почетокот на денешната владина седница. Минатата година, спротивно на првичната замисла, значително количество прехранбени производи остана во земјава и направи проблем. Доколку оваа тенденција опстојува илиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Пратениците во Европскиот парламент вчера им дадоа зелено светло на граѓаните на Косово најдоцна од 1 јануари следната година да патуваат во Европа без визи. Овој потег, според Асошиејтед прес, значи дека Косовците ќе можат да патуваат во 27-члената Шенген зона, која ги вклучува повеќето земји од Европската унија, плусПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Амбасадата на САД во Белград соопшти дека, според нејзините сознанија, Србија не ѝ продава оружје на Украина, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ). Агенцијата Ројтерс на 12 април објави, повикувајќи се на информации од објавените тајни документи на Пентагон, дека Србија се согласила да испрати оружје во Киев или веќе гоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска ќе ја посети Атина за да разговара за испораката на оружје во Украина. Се очекува Резников со претставници на грчките власти да разговара за предлозите за испорака на ракетни системи „ТОР-М1“ и „Оса-АКМ“, како и оклопни борбени возила. Тоа е прва официјална посетаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На почетокот на судењето за случајот „Тачи и останатите“ во Специјализираните совети на Косово во Хаг, поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, кои беа обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, повторно се изјаснија за невини пред сите точки од обвинението, јавува Анадолија. Одговарајќи на прашањето на судијатаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

По парламентарните избори во Бугарија одржани во неделата (2 април), во водство е сојузот на десниот центар на поранешниот премиер Бојко Борисов. Неговата алијанса освои околу 26 отсто од гласовите на овие избори – петти во последните две години. Најмалку заостанува либерално-конзервативниот блок со околу 25 отсто од гласовите. ОбединетиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германската полиција во повеќе градови уапсила десет лица, меѓу кои и луѓе од регионот, поради шверц на дрога, чија вредност се проценува на два милиони евра. Според полицијата, осуммината уапсени се од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Италија, Казахстан, Либан и Турција, а дел од нив имаат и германско државјанство.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Нешто после 14 часот се случила сообраќајна незгода во која учествувале околу 14 возила, без жртви, велат од Полициската управа во Суботица за Данас. Како што објаснуваат, сообраќајната несреќа се случила на стариот пат од правец на Суботица кон Бачка Топола, а причината била песочна бура настаната од силен ветерПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германската полиција сомничи државјанин на Србија (61) за страшниот напад што се случи во петокот вечерта во Берлин, во кој беа повредени три лица.. Полицијата извести дека напаѓачот во петокот вечерта активирал граната во влез на станбена зграда и ранил две жени на возраст од 42 и 48 години иПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Вработен во албанскиот канал „Топ чанел“ е убиен синоќа, откако непознати напаѓачи се обиделе да упаднат во зградата на оваа телевизија во Тирана. Недолго по нападот, кој се случил час по полноќ, на блискиот автопат било пронајдено опожарено возило „ренџ ровер“, за кое постои сомневање дека сторителите го користеле заПрочитај повеќе