Амбасада на САД во Белград: Србија не испраќа оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Амбасадата на САД во Белград соопшти дека, според нејзините сознанија, Србија не ѝ продава оружје на Украина, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Loading...

Агенцијата Ројтерс на 12 април објави, повикувајќи се на информации од објавените тајни документи на Пентагон, дека Србија се согласила да испрати оружје во Киев или веќе го испратила.

Амбасадата на Украина во Србија за Радио Слободна Европа информира дека нема информации за испорака на оружје од Србија во Украина.

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ги негираа информациите на новинската агенција Ројтерс дека Србија се согласила да испорача оружје на Киев или веќе го испратила.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.