Бугарија воведе привремена забрана за увоз на прехранбени производи од Украина

Сподели со своите пријатели

Бугарија воведува привремена забрана за увоз на прехранбени производи од Украина, со исклучок на транзитна стока, најави премиерот во техничкиот мандат Галаб Донев на почетокот на денешната владина седница.

Loading...

Минатата година, спротивно на првичната замисла, значително количество прехранбени производи остана во земјава и направи проблем.

Доколку оваа тенденција опстојува или се зголеми, можно е да има исклучително сериозни последици за бугарскиот бизнис.

Принудени сме да ја донесеме оваа национална мерка, бидејќи европските власти се уште размислуваат за соодветна мерка.

Очекуваме дека Брисел ќе ги слушне и разбере позициите на Бугарија, Полска, Чешка и Словачка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефовите на НАТО дипломатијата на средба: Главни теми војната во Украина и руските хибридни напади

Остануваме солидарни со Украина, но банкротот на бугарските земјоделци во никој случај нема да придонесе за нејзината цел, рече Донев, пренесува Радио Бугарија.

Претставниците на Полска и Украина во понеделникот разговараа за забраните на централните власти на источноевропските земји за увоз на украинско жито, кое тие сакаат да ги заштитат нивните земјоделци од влијанието на приливот на поевтино украинско жито.

Забраната ја воведоа Полска, Унгарија и Словачка.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.