Судар на 14 автомобили поради песочна бура во Србија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нешто после 14 часот се случила сообраќајна незгода во која учествувале околу 14 возила, без жртви, велат од Полициската управа во Суботица за Данас.

Loading...

Како што објаснуваат, сообраќајната несреќа се случила на стариот пат од правец на Суботица кон Бачка Топола, а причината била песочна бура настаната од силен ветер кој подигнал песок од околните ниви.

Од СВ Суботица велат дека во тек е увид.

Во Суботица втор ден по ред дува бурен ветер, јавувуа Данас.

Граѓаните до сега пријавуваа поединечни, помали штети, во вид на скршени дрвја или паднати знамиња, а денеска за кратко падна обилен снег.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)