Балкан (Page 46)

Балканскиот Полуостров или поедноставно Балкан, е полуостров и културна област лоцирана во Источна и Југоисточна Европа.

Полуостровот го добил името по Балканските Планини кои се протегаат од српско-бугарската граница до Црното Море.

Од географска гледна точка полуостровот на север најчесто е дефиниран со границата: Кварнерски Залив – реката Купа – реката Сава – реката Дунав, но се среќаваат и други дефиниции за северната граница кои оваа линија ја поместуваат посеверно. Од исток, запад и југ Полуостровот е обиколен со вода. Највисок врв е Мусала во Рила (Бугарија), втор – Митикас во Олимп (Грција), трети – Вихрен во Пирин (Бугарија)

Држави кои се дел од Балканскиот Полуостров се: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција,  Македонија, Црна Гора, Косово.

Србија, Хрватска и Словенија се сметаат за држави кои во поголемиот дел се на Балканскиот полуостров.

Романија, Турција и Италија се сметаат за држави кои скоро целосно се надвор од рамките на Балкан, но некои нивни делови се наоѓаат географски на површината на Балканскиот полуостров.

 

Во продолжение сите вести од регионот на Балканот.

Сподели со своите пријатели

На брегот на бугарското летувалиште Тјуленово на Црното Море е пронајден дрон од непознато потекло, кој според непотврдени информации носел експлозив. Според бугарскиот портал novinite.bg, дронот е пронајден случајно синоќа. Не е познато како дронот завршил на бугарското крајбрежје, дали паднал од воздух или бил однесен од плимата. Бугарското МинистерствоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во ноќта од неделата на 17 септември кон понеделникот 18 септември во Словенија се запали автобус од Босна и Херцеговина. Како што пишува порталот GPMaljevac, автобусот возел на релација Сараево – Франкфурт. Пожарот избувнал на одморалиште во Словенија, а причината се уште не е откриена. За среќа, сите патници успеалеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите од катастрофалното невреме „Даниел“, кое минатиот вторник ја погоди централна Грција, веќе се искачи на 15. Со повлекувањето на водата, се стравува дека куќите кои во текот на ноќта ненадејно биле поплавени и во кои имало многу стари луѓе, да се најдат повеќе жртви. Спасувачката операција сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за да побара финансиска поддршка од ЕУ по минатонеделните поплави во Грција во кои загинаа најмалку 15 луѓе и уништија големи површини обработливо земјиште, објави Блумберг. – Сигурен сум дека Европа финансиски ќе јаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Грција се уште се бори со поплавите по невремето „Даниел“, а ситуацијата во моментов е многу тешка во долината на реката Темпа, чиј водостој е толку многу зголемен што достигна висина на висечкиот мост. Имено, градоначалникот на Темпа рече дека пешачкиот мост се уште се спротивставува на водата и изразиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Еден човек загина во поплавите во Волос, централна Грција, откако бурата Даниел ја погоди Тесалија. Пожарникарите добиле повик да спасат едно лице во Волос, но кога пристигнале нашле мртов маж, објави „Катимерини“. Според прогнозата на метеоролозите, во тој дел на Грција се очекуваат врнежи во следните 24 часа, а синоќаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Албанија, Еди Рама, ја изврши реконструкцијата на Владата и разреши шестмина министри во неговиот кабинет, меѓу другите и шефицата на дипломатијата Олта Џачка, пренесува Албаниан пост. Рама побара од претседателот на Албанија, Бајрам Бегаи, да донесе указ за оваа работа, а најавено е дека измените ќе му гиПрочитај повеќе

beige and white concrete building

Сподели со своите пријатели

Во Европската Унија, во 2022 година, младите во просек го напуштале домот на своите родители на возраст од 26,4 години, но таа возраст многу се разликувала од земја до земја, па младите најдолго живееле со своите родители во Хрватска, а младите од скандинавските земјите ги оставиле најрано. Според вчера објавенитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во мало гратче во североисточна Албанија, 32-годишниот Бесмир Била се бори против невидлив непријател. Била од раѓање живее во Кукуш, едно од најсиромашните места во Европа. Како млад човек се спротивставил на нагонот да најде работа на друго место бидејќи сакал да остане близок со своето семејство. Секогаш се надевалПрочитај повеќе

four swines

Сподели со своите пријатели

Србија успеа да го спречи ширењето на африканската свинска чума, изјави во неделата српската министерка за земјоделство Јелена Танасковиќ. Откако беше откриено ширењето на инфекцијата, во Србија се еутаназирани 38.000 свињи, изјави Танасковиќ за РТС. Министерството и инспекциските служби воспоставија систематска одбрана на големите фарми, што даде резултати, а државатаПрочитај повеќе