Грција ќе бара финансиска поддршка од ЕУ за санирање на штетите од поплавите

Сподели со своите пријатели

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за да побара финансиска поддршка од ЕУ по минатонеделните поплави во Грција во кои загинаа најмалку 15 луѓе и уништија големи површини обработливо земјиште, објави Блумберг.

Loading...

– Сигурен сум дека Европа финансиски ќе ја поддржи нашата земја – изјави Мицотакис во Лариса, градот погоден од моќното невреме „Даниел“, кое предизвика поплави.

Мицотакис посочи дека Европа троши многу пари за зелената транзиција, но не доволно за да ги реши проблемите кои се јавуваат поради непосредното влијание на климатските промени.

Невремето зафати околу 72.000 хектари во централна Грција, а поплавите што ги предизвика уништија големи површини земјоделско земјиште, патишта и мостови.

На подрачјето на Тесалија, уништени се целосни посеви од памук, пченка, домати и јаболка, а се удави и голем број добиток, наведува Блумберг.

Главниот автопат меѓу Атина и Солун се уште е затворен за сообраќај поради невремето, а во некои области се уште нема струја.