Грчката влада вети помош за настраданите од поплавите во Тесалија

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите од катастрофалното невреме „Даниел“, кое минатиот вторник ја погоди централна Грција, веќе се искачи на 15.

Loading...

Со повлекувањето на водата, се стравува дека куќите кои во текот на ноќта ненадејно биле поплавени и во кои имало многу стари луѓе, да се најдат повеќе жртви.

Спасувачката операција се уште е во тек, а досега се евакуирани 4.500 жители на градовите меѓу Волос и Трикала, кои се целосно под вода.

Спасувачките тимови се обидуваат да стигнат до сите, но тешко доаѓаат до некои места затоа што се уништени патишта и мостови…

На различни начини, каде што е можно, се доставува вода, храна и лекови, но се уште има луѓе кои чекаат, помош.

На повеќето места нема струја, а драматично е и во Лариса, каде жителите се евакуираат во делови од градот кои не се поплавени или загрозени од излевањето на реката Пиниос, чиј водостој е многу висок и кој го проби насипот на неколку места.

Поради покачувањето на нивото на водата и кај Темпо ситуацијата е комплицирана.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и премиерот Киријакос Мицотакис ги посетија погодените подрачја, по што владата усвои итен план за мерки за помош на населението.

Loading...

Загрозените општини ќе добијат 45 милиони евра помош за реконструкција на инфраструктурата.

Планот од десет мерки вклучува по 10.000 евра за реконструкција на уништените куќи и 6.600 евра за поправки, доколку е можно, што значи дека државата во основа ќе покрие околу 80 отсто од трошоците.

Оние кои не можат да се вратат во своите домови ќе добијат помош од 300 до 500 евра за кирија, како и даночни олеснувања.

Работниците кои останаа без работа по катастрофата ќе добиваат месечна помош од 534 евра.