Војна во Украина (Page 80)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни разговараше со врховниот сојузнички командант на НАТО и командант на американските сили во Европа, генерал Кристофер Каволи и началникот на одбранбениот штаб на вооружените сили на Велика Британија, адмиралот Тони Радакин за соработката во воената сфера. Loading… Врховниот командант на вооруженитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Москва ризикува да предизвика отворена војна со НАТО со пресретнување на бродови во меѓународните води и настојување да наметне економска контрола над Украина, предупредува поранешниот врховен командант на НАТО за Европа Џејмс Ставридис. Loading… Поранешниот американски адмирал, кој ги предводеше силите на алијансата на континентот меѓу 2009 и 2013 година,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руските медиуми јавуваат за смртта на поранешниот командант на Источниот воен округ и поранешен заменик министер за одбрана на Русија, генерал-полковник Генадиј Жидко. Loading… Од мај до јули 2022 година, Жидко командуваше со група на вооружените сили на Руската Федерација во Украина. Руските медиуми јавуваат дека информацијата за смртта јаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Дипломатијата и разговорите се единствениот начин да се стави крај на војната во Украина, изјави поранешниот француски претседател Никола Саркози, додавајќи дека на Европа ѝ е потребна Русија. Loading… Тој рече дека Европа треба да ја разјасни својата стратегија и да бара компромис со Москва, наместо, како што рече, даПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Изјавата на висок функционер на НАТО дека Украина може да ѝ отстапи територија на Русија во замена за членство во Алијансата и прекин на војната, предизвика лута реакција од Киев. Loading… Стиан Јенсен, шеф на кабинетот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави на настан во Норвешка во вторникотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Контејнерски брод на германска компанија со знаме на Хонг Конг вечерва успешно го премина украинскиот дел на Црното Море, неколку часа откако исплови од јужното пристаниште Одеса. Loading… Бродот беше блокиран во Одеса повеќе од година и пол, од почетокот на руската војна против Украина. „Украина направи важен чекор конПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата на фронтот покажува дека воените ресурси на Украина се речиси целосно исцрпени, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 11-та Московска конференција за меѓународна безбедност. Loading… Шојгу рече и дека Специјалната воена операција во Украина ставила крај на воената доминација на Западот, бидејќи капацитетите на западните когаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Голем дел од рускиот извоз на енергија е погоден од западните санкции откако земјата ја започна својата целосна инвазија на Украина, но со еден забележителен исклучок – нуклеарната енергија. Loading… Имено, САД и нивните европски сојузници увезуваат огромни количества нуклеарно гориво и соединенија од Русија, со што на Москва ѝПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во мирното место Деревјаноје на северот на Русија, на 1 август утрото осамна со морничава глетка. Loading… Изгореа две дрвени куќи во одделни делови од селото. Во првата полицијата пронашла тела на двајца мажи. Во втората пронашла тела на брачен пар, братот на сопругот и пензионер кој бил со тоаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица загинаа во руските напади врз областа Волин во западна Украина, соопштија локалните власти. Loading… „Засега имаме информации дека три лица загинале. „Неколку повредени се во болница“, рече гувернерот на Волинската област Јуриј Погуљајко на Телеграм. Официјални лица изјавија дека руските напади биле насочени кон градовите Лавов иПрочитај повеќе