Ерупција на вулкан, евакуирани повеќе од 12.000 луѓе

Сподели со своите пријатели

Во Индонезија денеска се евакуирани 12.000 луѓе кои живеат во близина на островот Сулавеси каде што еруптираше вулканот Руанг, за кој Центарот за вулканологија и проценка на геолошки ризик прогласи највисоко, четврто ниво на тревога.

Loading...

Жителите на островот се преместени во градот Манадо, а Центарот ги предупреди граѓаните на соседниот остров Тагуланданг дека постои опасност од цунами поради паѓање на материјал од вулканот во океанот, пренесува Ројтерс.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како лава тече по вулканот, кој последен пат еруптираше на 19 април.

Индонезија, архипелаг каде живеат околу 270 милиони луѓе, има 120 активни вулкани, а се наоѓа во т.н. „Пацифичкиот огнен прстен“, област каде што се судираат повеќе тектонски плочи, предизвикувајќи зголемена сеизмичка активност.