Почина генералот на Путин кој командуваше со инвазијата на Украина

Сподели со своите пријатели

Руските медиуми јавуваат за смртта на поранешниот командант на Источниот воен округ и поранешен заменик министер за одбрана на Русија, генерал-полковник Генадиј Жидко.

Loading...

Од мај до јули 2022 година, Жидко командуваше со група на вооружените сили на Руската Федерација во Украина.

Руските медиуми јавуваат дека информацијата за смртта ја соопштил гувернерот на Хабаровск, Михаил Дегтјарев.

Жидко, наводно, починал во Москва по долго боледување.

Во 2016 година беше командант на силите на руската армија во Сирија.

Две години подоцна, тој стана командант на Источниот воен округ на вооружените сили на Руската Федерација.

Од ноември 2021 година до јули 2022 година, Жидко беше заменик министер за одбрана и шеф на главниот воено-политички оддел на руската армија.

На почетокот на јуни 2023 година, беше објавено дека Жидко е назначен за командант на сите руски воени сили во Украина, заменувајќи го генералот Дворников на таа позиција.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.