ЛОШИ ВЕСТИ: УХМР најавува влошување на времето за празниците

Сподели со своите пријатели

Од утре до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Од четврток до сабота дневната темпаратура ќе биде во постепено опаѓање.

Никола Ивановски