Русија (Page 471)

Русија официјално Руска Федерација, е полупретседателска федерална република лоцирана во Источна Европа и Северна Азија.

Со површина од 17.125.187 km², Русија е најголемата земја во светот со речиси двојно поголема територија од Канада. Се граничи со 18 држави.

Таа е на деветтото место во светот според населението со околу 146 милиони. Официјален јазик е рускиот, а главен град и најголем град е Москва.

Според Уставот на Русија, земјата е федерација и полупретседателска република, каде претседателот е шеф на државата а премиерот е на чело на владата.

Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“.

  1. Адигеја
  2. Алтај
  3. Башкортостан
  4. Бурјатија
  5. Дагестан
  6. Ингушетија
  7. Кабардино-Балкарија
8. Калмикија
9. Карачаево-Черкесија
10. Карелија
11. Коми
12. Мариј Ел
13. Мордовија
14. Јакутија
15. Северна Осетија-Аланија
16. Татарстан
17. Тува
18. Удмуртија
19. Хакасија
20. Чеченија
21. Чувашија
22. Крим

Во продолжение сите вести поврзани со Русија.

Сподели со своите пријатели

Европската унија ги продолжи индивидуалните санкции против 1.206 руски државјани и 108 руски компании за уште шест месеци, соопшти Европскиот совет. Loading… „Денеска Советот одлучи да го продолжи времетраењето на рестриктивните мерки насочени кон оние кои се одговорни за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на УкраинаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден разговара со Конгресот за нови економски мерки за казнување на Русија за нејзината инвазија на Украина, објави во средата Стејт департментот. Loading… „Разговараме со Конгресот за соодветни мерки“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс на брифинг со новинарите, посочувајќи на изјавата наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија не ја поддржува одлуката да му се дозволи на претседателот на Украина Володимир Зеленски да се обрати пред Генералното собрание на ОН преку претходно снимено видео, бидејќи тоа е кршење на правилата, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја. Loading… „Ова е уште едно прекршување на правилатаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Европскиот парламент објави предлози за мерки за запирање и намалување на цените на енергенсите. Loading… Би-би-си објави дека планот за ограничување на цените на рускиот гас е ставен во мирување. Да потсетиме, поради најавата дека ЕУ ќе ги ограничи цените наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија тајно дала најмалку 300 милиони долари на политички партии, функционери и политичари во повеќе од 20 земји од 2014 година и планира да префрли уште стотици милиони, со цел да изврши политичко влијание и да влијае на изборите, се вели во резимето на Стејт департментот. Loading… Русија веројатно далаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Иван Печорин, руски бизнисмен, главен менаџер на корпорацијата за развој на Далечниот Исток и Арктикот, е пронајден мртов во близина на Владивосток, што е последната во низата мистериозни смртни случаи меѓу руските директори. Loading… Како што јави рускиот државен медиум РИА Новости, управата на Владивосток соопшти дека телото на бизнисменотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Повеќето од делегатите кои го придружуваат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот на Генералното собрание на ОН сѐ уште не добиле американски визи, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува ТАС С. Loading… „Во втората група има придружници. Некои од нив добијаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Финската премиерка Сана Марин во вторникот пред Европскиот парламент изјави дека ЕУ е „премногу наивна“ во односот кон Русија и дека требало „повеќе да ги слуша“ Полска и балтичките земји. Loading… „Мораме да признаеме дека усвоивме премногу наивен пристап кон Русија и ги базиравме нашите очекувања за нејзиното функционирање наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и членовите на руската делегација добија визи за учество на Генералното собрание на Обединетите нации, објави во вторник руската новинска агенција, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи. Loading… Русија со недели ги критикуваше САД дека не им даваат визи на членовите на рускатаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија објави дека посредувала во преговорите и дека Азербејџан и Ерменија постигнале договор за прекин на огнот. Loading… „Се надеваме дека договорот постигнат по руското посредување за прекин на огнот од 9 часот по московско време ќе биде целосно испочитуван“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.Прочитај повеќе