Русија: Азербејџан и Ерменија постигнаа договор за прекин на огнот

Сподели со своите пријатели

Русија објави дека посредувала во преговорите и дека Азербејџан и Ерменија постигнале договор за прекин на огнот.

Loading...

„Се надеваме дека договорот постигнат по руското посредување за прекин на огнот од 9 часот по московско време ќе биде целосно испочитуван“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Русија соопшти дека е „исклучително загрижена поради наглото влошување на ситуацијата“.

„Ги повикуваме страните да се воздржат од каква било ескалација“, повика руското Министерство за надворешни работи.

Најмалку 49 ерменски војници загинаа во судирите со Азербејџан кои избија во текот на ноќта, изјави денеска ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Азербејџан, од своја страна, ги призна „загубите“ за време на овие судири кои избувнаа во текот на ноќта, без да го прецизира точниот број на жртви.

Ерменија склучи мировен договор со Азербејџан во ноември 2020 година со посредство на Русија, по поразот на ерменските сили во шестнеделната војна за Нагорно Карабах, во која загинаа повеќе од 6.500 луѓе.

Со тој договор, Ерменија изгуби контрола врз дел од Нагорно-Карабах и околните области во Азербејџан по повеќе од 25 години.

Loading...