Германија (Page 7)

Германија или официјално Сојузна Република Германија, е земја во Централна Европа.

Таа е втора најнаселена земја во Европа по Русија и најнаселена земја членка на Европската унија. Има население од над 83 милиони во нејзините 16 конститутивни држави.

Германија се состои од шеснаесет покраини, кои на германски се нарекуваат Länder.

Секоја покраина има сопствен покраински устав и се во голема мерка автономни во поглед на нивната внатрешна организација.

Поради разликите во големина и население понатамошната административна поделба на овие покраини се разликува, особено помеѓу градовите-покраини (Stadtstaaten) и покраините со поголеми територии (Flächenländer).

За регионални административни цели, пет покраини (Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Саксонија), имаат воведено вкупно 22 административни окрузи (Regierungsbezirke).

До 2009 година, земјата била поделена на 403 окрузи (Kreise) на општински ниво, кои се состојат од 301 рурален округ и 102 урбани окрузи.

Во продолжение сите вести поврзани со Германија.

Сподели со своите пријатели

Планираниот пристап на Шведска во НАТО е задоцнет и треба да се случи сега, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Loading… „Секое натамошно одложување го оптоварува трпението на сите“, им рече Писториус на новинарите пред состанокот на министрите на НАТО во Брисел, пренесе Ројтерс. Унгарија е единствената членкаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји оваа недела патува во Европа за да учествува на Минхенската безбедносна конференција во Германија, соопшти денеска ресорното министерство. Loading… Во европската турнеја на Ванг, закажана од 16 до 21 февруари, ќе бидат вклучени и Шпанија и Франција, каде што ќе учествува во стратешкиотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Тешка задача ги чека потпретседателката на САД Камала Харис и државниот секретар Антони Блинкен на годишната безбедносна конференција што почнува утре во Минхен, каде што мора да ги убедат сојузниците дека Соединетите Американски Држави се уште се подготвени да ја заштитат нивната безбедност. Loading… Харис и Блинкен ќе присуствуваат наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Европа не ја сфати доволно сериозно руската закана, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, нагласувајќи дека Берлин е во домет на руските ракети стационирани во руската ексклава Калининград. Loading… Неговите изјави се само последните во низата предупредувања од високи западниПрочитај повеќе

man in orange and black vest wearing white helmet holding yellow and black power tool

Сподели со своите пријатели

Експериментот започнува во февруари. Потоа 45 компании и организации во Германија ќе воведат четиридневна работна недела за шест месеци. Loading… Вработените ќе добијат целосна плата, иако поминуваат помалку време на работа. Тој проект беше инициран од консултантската куќа за менаџмент Intraprenoer, која соработува со непрофитната организација 4 Day Week GlobalПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Партијата АКП на Ердоган работи на формирање огранок во Германија. За почеток, како што пренесуваат медиумите, таа би можела да учествува на европските избори на 9 јуни. Loading… Своето незадоволство го изразуваат политичарите на повеќе партии во Германија. Политичарите од повеќе партии во Германија изразија загриженост поради можното формирање наПрочитај повеќе

blue, red, and yellow flag

Сподели со своите пријатели

Бруто домашниот производ на Германија благо се намали во четвртиот квартал, објави во вторникот заводот за статистика, укажувајќи на пад на корпоративните инвестиции. Loading… Сезонски и календарски приспособениот БДП е намален во периодот од октомври до декември за 0,3 отсто во однос на претходните три месеци кога стагнираше, утврдија статистичарите.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази загриженост поради порастот на екстремно десничарските тенденции во неговата земја 79 години по ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц. Loading… „Постојано се појавуваат нови извештаи: за неонацистите и нивните мрачни мрежи“, рече социјалдемократот во снименото видео обраќање објавено во саботата во знак на сеќавање на ослободувањетоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Вооружен маж во петокот вечерта упаднал во филијала на Старбакс во германскиот град Улм, и ги зел како заложници четирите лица кои биле таму. Loading… Според Билд, не е јасно кои се заложниците и какво оружје имал мажот со себе. Голем број полициски сили го опколија центарот на градот околуПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Новата претседателска трка меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден е се поизвесна. Во него Трамп би имал добра шанса да се врати во Белата куќа. Loading… Дали Германија и ЕУ се подготвени за тоа? Доналд Трамп победи на републиканските прелиминарни избори во државата Њу Хемпшир. Ова ја зголемува веројатноста тојПрочитај повеќе