Полски министер: Берлин е во домет на руски ракети, изненаден сум што тоа не е тема

Сподели со своите пријатели

Европа не ја сфати доволно сериозно руската закана, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, нагласувајќи дека Берлин е во домет на руските ракети стационирани во руската ексклава Калининград.

Loading...

Неговите изјави се само последните во низата предупредувања од високи западни функционери за опасноста од потенцијална војна со Русија.

Имено, армиите на НАТО ги зајакнаа своите капацитети и подготвеност од почетокот на руската инвазија на Украина.

Иако ескалацијата на војната во Украина во сеопфатен конфликт меѓу НАТО и Русија досега беше избегната, постои загриженост дека Западот навистина не прифати дека тоа е реален ризик.

Генерал-полковник Александар Солфранк, командант на воениот логистички центар на НАТО во Германија, претходно овој месец изјави дека НАТО треба да биде подготвен за можноста од руски ракетни напади во Европа во случај на сеопфатна војна.

Тој предупреди дека Германија веројатно ќе биде една од потенцијалните цели.

На прашањето дали Полска е во опасност, Сикорски рече:

„Рускиот претседател Владимир Путин им се закани на Полска, Латвија и Финска. Кога се заканува на некоја земја, тој е сериозен. Многу често не го сфаќаме сериозно“.

Loading...

„Изненаден сум што тоа не е тема во Германија“

„И нуклеарното оружје во близина на Калининград, ракети од типот Искандер, може да стигнат до Берлин. Секогаш сум изненаден што тоа не е тема во Германија“, додаде тој.

Сикорски истакна дека вкупната економска моќ на Западот е 20 пати посилна од Русија, но Русија сепак го има главниот збор во производството на муниција.

„Мораме да ги мобилизираме нашите сили“, рече тој.

„Ако Американците ја спречат помошта, тогаш се соочуваме со сериозна дилема. Или ќе треба да ја замениме Америка, односно да ги удвоиме напорите или да го оставиме Путин да ја освои Украина“, додаде Сикорски.