Драма во Германија: Вооружен маж упадна во кафуле и држеше заложници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вооружен маж во петокот вечерта упаднал во филијала на Старбакс во германскиот град Улм, и ги зел како заложници четирите лица кои биле таму.

Loading...

Според Билд, не е јасно кои се заложниците и какво оружје имал мажот со себе.

Голем број полициски сили го опколија центарот на градот околу Старбакс.

Полицијата ја добила пријавата околу 18 часот и 50 минути, рекле дека мажот заедно со заложникот во 20 часот и 20 минути го напуштил местото и побегнал.

 

 

Одеднаш одекнале четири истрели, а луѓето во паника се разбегале.

Loading...

Полицијата извести дека „излегувањето на напаѓачот со заложникот резултирало со употреба на огнено оружје од страна на полицијата“.

Тие додадоа дека сторителот е уапсен, а заложниците останале неповредени.