Германската економија падна на крајот на минатата година

Сподели со своите пријатели

Бруто домашниот производ на Германија благо се намали во четвртиот квартал, објави во вторникот заводот за статистика, укажувајќи на пад на корпоративните инвестиции.

Loading...

Сезонски и календарски приспособениот БДП е намален во периодот од октомври до декември за 0,3 отсто во однос на претходните три месеци кога стагнираше, утврдија статистичарите.

Благиот пад на активноста на крајот на годината со тоа го заврши периодот на стагнација од почетокот на 2023 година, заклучува Дестатис.

Претходните проценки покажаа пад на активноста од 0,1 отсто во периодот од јули до септември и исто толку процентен пораст во периодот од април до јуни.

Бруто инвестициите на компаниите значително паднаа кон крајот на годината, посочуваат статистичарите.

На годишно ниво, календарски прилагодениот БДП е намален во периодот од октомври до декември за 0,2 отсто, според пресметките на Дестатис, речиси како и во претходните три месеци.

Дестатис потврди дека во цела минатата година БДП е намален за 0,3 отсто.