Војна во Украина (Page 454)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Руската репортерка Анастасија Јесулкова беше тешко повредена додека известуваше во близина на Соледар, Украина, град кој Русија тврди дека неодамна го зазеде. На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како Јелсукова зборува пред камерата во воена униформа и кацига. „До нас се слуша пукање“, сведочеше таа. Потоа сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Шпанската полиција објави дека разбила мрежа која управувала со три тутунски фабрики, а вработила Украинци кои по руската инвазија побегнале во Шпанија и живееле натрупани во монтажни фабрички згради. Тие беа обвинети за шверц на „големи количества“ тутун, кои се користеле за правење фалсификувани цигари, кои потоа се продавале низПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на руската агресија, украинскиот претседател Володимир Зеленски генерално секогаш се појавуваше во јавноста во сега препознатливата маслинесто зелена или маскирна униформа, дури и кога се среќава со претставници на други земји или посети. Пред неколку дена Форбс откри дека Зеленски го носи и затоа го промовира украинскиот брендПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германија нема да застане на патот на Полска ако сака да испрати тенкови Леопард од германско производство во Украина, изјави во неделата германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Запрашана да коментира што ќе се случи ако Полска испрати тенкови Лепоард без одобрение од Германија, Бербок за француската телевизија „ЛЦИ“Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Со оглед на тоа што Русија забележа неколку порази на фронтовите во Украина и генерално слабо напредува кон остварување на претходно поставените цели, армијата на Путин прибегнува кон драстични мерки. Еден од нив е се почестиот ангажман на паравоената формација Вагнер, која ја нарекуваат различни имиња, од „војската на духовиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Патријархот московски и на цела Русија Кирил Први силно ја поддржува војната во Украина, а во својот нов говор го повика свештенството да ѝ помогне на руската војска и да ги мобилизира своите парохијани. „Ако велиме дека Црквата е со својот народ, тогаш секоја парохија треба да им помогне наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Според писменото соопштение на украинското претседателство, Зеленски на средба зад затворени врати се сретнал со поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој беше во посета на Киев. За време на средбата Зеленски и Џонсон разговарале за прашањата за одржување на меѓународната поддршка за Украина. На средбата, на која се разговарало заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Дневниот извештај на британското разузнавање тврди дека руските и украинските сили моментално се во ќорсокак во војната, еден ден откако сојузниците на Киев разговарале за методите за воена помош за Украина. „Последниве денови, најтешките борби беа насочени на три сектори. На североисток, во близина на Кремина, Украина веројатно постигна помалиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американската влада сака да ја прогласи руската приватна армија Вагнер како транснационална криминална организација, изјави во петокот портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби. Класификацијата ќе им овозможи на САД и другите земји да ги ограничат меѓународните операции на платеничката група и нејзината меѓународна мрежа на поддржувачи. Американската владаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, го нарече рускиот конфликт со Украина и Западот нова патриотска војна. „Браво, на крајот на краиштата, овој Борел со безживотно лице. Се сети дека нашата земја ги победи Наполеон и Хитлер. Забележете дека аналогијата тој самиот ја нацртал. Украинските нацистиПрочитај повеќе