Британија: Руските и украинските сили „во мртва точка“

Сподели со своите пријатели

Дневниот извештај на британското разузнавање тврди дека руските и украинските сили моментално се во ќорсокак во војната, еден ден откако сојузниците на Киев разговарале за методите за воена помош за Украина.

Loading...

„Последниве денови, најтешките борби беа насочени на три сектори. На североисток, во близина на Кремина, Украина веројатно постигна помали успеси и успешно се одбрани од рускиот контранапад“, објавија британските аналитичари.

„Сепак, постои реална можност за локално руско напредување во близина на Бахмут“, додаваат Британците.

Тој град во источниот регион на Доњецк со месеци е сцена на најжестоките борби. Конфликтот во моментов се води на три фронта, соопшти Лондон врз основа на разузнавачките извештаи.

И двете страни имаат значителни сили на југ

Руските единици на редовната армија и паравоената група Вагнер се прегрупираат во Соледар, град североисточно од Бахмут кој неодамна падна во нивни раце.

На исток, украинските сили постигнаа помали успеси во близина на Кремина, во областа Луганск.

И двете страни имаат значителни сили на југ, во регионот на Запорожје. Таму се водат артилериски битки и помали престрелки, но засега без поголема офанзива.

Британската проценка доаѓа еден ден откако украинските сојузници се собраа вчера во воената база Рамштајн во Германија за да разговараат за тоа дали да и испратат на Украина модерни тенкови, што претседателот Володимир Зеленски постојано го бараше.

Loading...

Тој остана разочаран бидејќи Германија сè уште не одлучила дали ќе дозволи испраќање на тенкови Леопард 2.

Берлин се соочува и со притисок од други земји кои сакаат да ги испратат овие тенкови од германско производство од нивните резерви, но за кои им треба одобрение од Германците.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.