Медведев: Војната со Украина и Западот е нова патриотска војна

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, го нарече рускиот конфликт со Украина и Западот нова патриотска војна.

Loading...

„Браво, на крајот на краиштата, овој Борел со безживотно лице. Се сети дека нашата земја ги победи Наполеон и Хитлер. Забележете дека аналогијата тој самиот ја нацртал. Украинските нацисти и Западна Европа се директни наследници на оние кои се бореле со Русија. Војна со нив нова патриотска војна, напиша тој денеска на каналот Телеграм.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во неодамнешниот говор рече дека Русија е навикната да се бори до крај, споменувајќи ги нејзините победи над Наполеон и Хитлер и повикувајќи на вооружување на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.