Бербок: Германија нема да ја спречи Полска да испрати тенкови во Украина

Сподели со своите пријатели

Германија нема да застане на патот на Полска ако сака да испрати тенкови Леопард од германско производство во Украина, изјави во неделата германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Loading...

Запрашана да коментира што ќе се случи ако Полска испрати тенкови Лепоард без одобрение од Германија, Бербок за француската телевизија „ЛЦИ“ изјави дека прашањето сè уште не е поставено, но дека ако Берлин се прашува, нема да застане на патот, јавува „Дојч Веле“.

„Знаеме колку се важни тие тенкови и затоа разговараме за тоа со нашите партнери. Треба да овозможиме спасување човечки животи и ослободување на украинска територија“, додаде Бербок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

Претходните денови имаше дебата меѓу Германија и САД за тоа дали да испратат западни тенкови во Украина, а Вашингтон побара од Берлин да им дозволи на земјите од НАТО кои поседуваат „леопарди“ да ги испратат.

Од друга страна, владин извор во Берлин изјави дека Германија ќе го стори тоа доколку Вашингтон прво ги испрати своите тенкови во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.