Шпанија: Разбиена мрежа што ги експлоатирала украински бегалци

Сподели со своите пријатели

Шпанската полиција објави дека разбила мрежа која управувала со три тутунски фабрики, а вработила Украинци кои по руската инвазија побегнале во Шпанија и живееле натрупани во монтажни фабрички згради.

Loading...

Тие беа обвинети за шверц на „големи количества“ тутун, кои се користеле за правење фалсификувани цигари, кои потоа се продавале низ Шпанија и во соседните земји, објави Цивилната гарда во соопштението, пренесува Хина.

Во рамките на истрагата, која се спроведува со помош на Европол, во Шпанија се уапсени 27 лица и запленети се десет тони листови тутун и околу три ипол милиони кутии цигари во вредност од 37,5 милиони евра.

„Преале голема сума пари“

Сите три фабрики, лоцирани во винскиот регион Ла Риоха, на северот на земјата, јужниот регион Севиља и Валенсија, на истокот од земјата, биле опремени со машини „со напредна технологија“, што им овозможило да произведуваат 540.000 кутии цигари дневно.

Мрежата вработувала Украинци кои дошле во Шпанија илегално или како баратели на азил по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

Живееле во фабрики, набиени во монтажни згради и не можеле да ги напуштат тие згради без да бидат забележани, поради што работеле повеќе од дозволеното, се вели во соопштението.

Водачите на криминалната мрежа „переле големи суми пари“ и благодарение на тоа воделе „луксузен живот“ во познатото шпанско туристичко место Марбела.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...