Едно од најстудените места во светот бележи рекордни температури

Сподели со своите пријатели

Рекордни температури се забележани во Рускиот Арктик во јуни, што предизвика големи пожари во тундрite, изјави директорот на руската метеоролошка служба, поврзувајќи ги овие „исклучителни“ аномалии со климатските промени.

Loading...

„Имавме исклучително невообичаени временски услови во јуни рекордите беа лесно срушени“, рече Роман Вилфанд на прес-конференција во Москва.

Решена тајната на џиновското јајце од Антарктикот: Во светот не постои ништо слично (ВИДЕО)

Тој како пример го наведе рекордот во арктичкиот град Верхојаск, каде на 17 јуни се измерени 38 Целзиусови степени.

„Неверојатно е“, истакна Вилфанд, прецизирајќи дека рекордна ниска температура од 67,8 степени под нулата е измерена во тој град пред крајот на 19 век.

Неколку региони во северна Русија, вклучително и области во Јакутската Република на атлантскиот брег, се соочуваат со топлотни бранови во последните неколку недели.

Села во тундрата, области покриени со трева и ниска вегетација карактеристика на Арктикот, се соочуваат со големи пожари.

Денес ледена пустина, но на Антарктик некогаш имало живот (ВИДЕО)

Loading...

Според Вилфанд, порастот на температурите и сончевото време на Далечниот Север е предизвикано од климатските промени и промените во циркулацијата на воздухот, при што почестите поларни антициклони носат сончево време.

Во летото, отсуството на облаци предизвикани од антициклони го загрева Арктикот, објасни рускиот метеоролог.

„Метеоролозите порано не биле сведоци на опасни пожари во поларните региони“, рече тој, истакнувајќи дека антициклоните станале многу почести и тешко е да се предвидат.

Пожарите предизвикани од високи температури започнуваат злобен круг затоа што пепелта од пожарот се депонира во поларните предели, поради што мразот се топи побрзо, што инаку ги рефлектира сончевите зраци и спречува загревање на почвата.

Дали Арктикот е темпирана метанска бомба?

Според официјалните проценки, Русија се загрева околу 2,5 пати побрзо од остатокот на светот, поради огромните пространства на Арктикот.

Leave a Reply