Денес ледена пустина, но на Антарктик некогаш имало живот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кога палеонтологот Томас Мурс погледнал со микроскопот додека ги сортирал малите 40 милиони години стари фосили пронајдени на островот Сејмур, близу до врвот на Антарктикот, наишол на нешто необично – коски од колк и череп на жаба.

Loading...

Тоа била жаба долга четири сантиметри – тесно поврзана со пет видови жаби со потекло од Чиле.

Точка во Пацификот до која човекот никогаш нема да може да се доближи

Овие жаби се именувани по обликот на главата, пренесува Ројтерс.

– Тоа беше целосно неочекувано откритие под микроскоп. Прво ја најдов коската на колкот и сфатив дека ја најдов првата Антарктична жаба, првиот антарктички амфибиј пред повеќе од 200 милиони години – рекол Мурс, научник во шведскиот музеј за природна историја и водечки автор на студијата објавена во „Саентифик рипортс“.

Откритието илустрира дека пред шест милиони години, пред да стане напуштена и ледена пустина, Антарктикот бил прекриен со шуми, реки и мочуришта кои го кроеле животот.

„Тоа ни кажува дека со глобалните климатски промени можат да бидат избришани цели екосистеми“, рече Мурс.

Озонската обвивка се подобрува, научниците откриваат какви промени ќе донесе тоа

Loading...

Климата на Антарктикот во тоа време наликувала на Валдивската прашума во Чиле, многу влажна со температури во текот на најтоплите месеци во просек од околу 14 Целзиусови степени.

„Жабите живееле на секој континент, освен Антарктикот, и сега знаеме дека тие живееле на сите седум континенти пред еден од нив да замрзне“, додава Мурс.

Leave a Reply